Обуката ја спроведуваат CEED Македонија и ПАБЛИК, а во рамките на проектот „Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалните бизниси (SE-Bridge)“, финансиран од Европската унија како дел од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.
Првиот ден беше резервиран за претставување на општествените предизвици кои ќе ги таргетираат социјалните претпријатија, за потребата од развој на социјалното претприемништво во земјава, како и за некои од елементите на бизнис моделот CANVAS.