ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА ЕСЕНСКАТА INVESTMENT READINESS PROGRAM НА ЦЕЕД ХАБ

Кои услови треба да ги исполниш за да учествуваш?

Да си основач/ка на стартап (иновативна компанија со потенцијал за брз раст, не постара од 6 години), да си во можност да ги посетуваш сесиите, да си отворен/а за партнерство со бизнис ангели во форма на инвестиција и да си посветен исклучиво на својот стартап (водењето стартап да не ти е хоби).

Што можеш да очекуваш?

Можеш да очекуваш директен пристап до инвеститори, поддршка при подготовка на документи потребни за пристап до инвестиции, индивидуални и групни сесии, средби со домашни и странски експерти, размена на искуства и знаење, многу дружење (за сега онлајн) и контакти со лица од екосистемот кои се подготвени да овозможат поддршка и помош. Вклучувањето во Investment Readiness Program значи и вклучување во заедницата на ЦЕЕД која брои неколку илјади претприемачи и менаџери со различни искуства, знаења и бизнис приказни.

Како се аплицира?

Со пополнување на формуларот на овој линк влегуваш во базата на апликанти: https://ceedhub.mk/ostvarijavizijata/startups.html . Најдоцна до 5ти Ноември 2021 ќе добиеш известување дали твојот стартап е дел од програмата. Во меѓувреме, може да добиеш повик од нашиот тим за подетални информации.

Кога започнува и колку време трае?

Програмата започнува на 12 Ноември 2021 год со работилница (bootcamp) што трае 3 дена, а ќе заврши на 17 Декември 2021 год со ден на презентирање на бизнис идеи (DEMO DAY). Сесиите за bootcamp-от ќе започнуваат во 13.00/16.30 и ќе траат до 15.00/18.30 часот. Во следните 6 недели сесии ќе се одржуваат два пати неделно од 13.00 до 15.00 часот (вторник и четврток), а сесии по потреба можат да се договорат и во меѓувреме.

Дали програмата се одвива онлајн или со физичко присуство?

Програмата се одвива онлајн. Имајќи ја предвид успешноста на претходната онлајн Investment Readiness Program, овој пат очекуваме уште поголем успех, знаејќи ги предизвиците од онлајн средбите. Кога временските услови ќе го дозволат тоа, во дворот на хабот ќе имаме средби за вмрежување со почитување на сите здравствени протоколи и мерки. За времетраење на целата програма може да ги користите просториите на Хабот без надоместок, почитувајќи ги сите мерки и протоколи за Ковид-19.

Кои се бенефитите од IRP?

  • Можност за инвестиција од бизнис ангелите на ЦЕЕД Македонија. Оваа можност е со натпреварувачки карактер, така што најуспешните ќе започнат преговори за инвестирање.
  • Подготвени документи за пристап до финансии што ќе ви бидат потребни и за друг тип инвестиции од други извори
  • Фидбек за потенцијалот на вашиот стартап, тимот и останатите аспекти на бизнисот
  • Вредни долготрајни контакти
  • Членство во ЦЕЕД заедницата

 

Дали може да се пријават тимови?

Да. Очекуваме стартапите да учествуваат со своите тимови. Доколку тоа не е можно, ги каниме тимовите да бидат присутни најмалку на bootcamp-от и на DEMO DAY.

Каков тип инвестиција би имал/а на располагање?

Имајќи предвид дека се работи за приватни инвеститори, типот на инвестиција е предмет на преговори и договор. Во ЦЕЕД Клубот на бизнис ангели најчесто инвестициите се во вид на удел во компанија, конвертибилен заем или комбинација од двата типа.

Колкава инвестиција може да очекувам?

Вообичаениот износ на инвестицијата е од 30.000 до 50.000 еур, но можни се исклучоци.