ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА КАПАЦИТЕТИ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Едукативната програма е наменета за постоечки социјални претпријатија од Југозападниот и Пелагонискиот регион во Република Македонија. Ќе биде одржана во мај и јуни во рамки на проектот, „SE Bridge“, чија цел е зајакнување на социјалните претпријатија.

Обуките ќе им овозможат на учесниците:
-збогатување на менаџерските вештини за водење
-социјално претпријатие
-вмрежување со постоечки бизниси
-претставување пред потенцијални инвеститори
-започнување соработка со социјални претпријатија од Албанија

Најдобрите три учесници, по завршувањето на обуката, ќе бидат грантирани, (поддржани) со по 3000 евра за зајакнување на личниот еко cоцијално-претприемачки профил.

Аплицирајте на:https://bit.ly/2IfUpnw