INVESTEMENT READINESS PROGRAM на ЦЕЕД Македонија

ДОБИЈТЕ ИНВЕСТИЦИЈА ОД БИЗНИС АНГЕЛИТЕ НА ЦЕЕД МАКЕДОНИЈА преку учество во Програма за подготвеност за привлекување инвестиции (Investment Readiness Program)
Сè уште е отворена можноста за пријавување во Програмата за подготвеност за привлекување инвестиции (Investment Readiness Program) на ЦЕЕД Македонија.
Оваа шестнеделна програма се спроведува во рамки на УСАИД Проектот за градење на бизнис екосистемот, и е наменета за стартапи кои имаат потреба од инвестиции во рана фаза на развојот. Во програмата учествуваат стартапи кои ќе поминат низ интензивен 6-неделен период на подготовка при што ќе имаат можност заедно со домашни и странски консултанти, ментори и бизнис ангелите на ЦЕЕД Македонија да се подготват за привлекување инвестиции. Добивањето инвестиција е на компетитивна основа и оние кои ќе успеат да ги постигнат поставените цели ќе продолжат во фазата на преговори за инвестиција.
Ги охрабруваме стартапите да се пријават во Програмата имајќи ја предвид структурираната подготовка, нови знаења, искуства и контакти, дури и да не се квалификуваат за инвестиција.
Може да се пријавите на овој линк: bit.ly/3pzVvNJ
Пријавување до 20 ноември 2020.
Учеството во програмата е бесплатно.

Сите кои ќе бидат избрани за учество ќе бидат контактирани.

Show Buttons
Hide Buttons