На Climathon Bitola 2025 младите и креативни умови се собраа со една заедничка цел – да развијат иновативни еко решенија за почиста околина и подобар квалитет на воздухот. Во текот на два интензивни дена, учесниците посветено работеа на своите идеи, со поддршка од ментори, креирајќи одржливи решенија со реален потенцијал за имплементација.
Младите покажаа дека еко свеста во нашата земја е на високо ниво!
Со своите презентации, креативност и тимски дух, сите тимови оставија силен впечаток, а жирито имаше навистина тежок предизвик да ги избере победниците.
Третото место го освои тимот ЕКО ФАРМА од СОУ„Орде Чопела“ – Прилеп, второто место му припадна на тимот ReLeaf VR од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, а првото место и наградата од 6.000 долари ги освои тимот ECO MAX од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
Честитки до сите учесници, нивните ментори и поддржувачи кои два дена неуморно работеа на создавање решенија за подобра животна средина. Вашата посветеност и идеи покажаа дека младите во Македонија се подготвени да ја водат промената кон позелена и поодржлива иднина!
Ова е само почеток – заедно продолжуваме да градиме иновативни и одржливи решенија за нашата земја!
Climathon Bitola 2025 e организиран со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан, имплементиран од CEED Hub Skopje, во партнерство со Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола при Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола и Општина Битола.












