Како дел од проектот “A Career Counselling Conceptual Model for increasing of ICT entrepreneurship skills of VET secondary schools students” (кратко: “21st century entrepreneurship”), поддржан преку програмата Erasmus +, минатата недела ЦЕЕД Македонија учествуваше на заедничка обука на проектниот тим составен од 7 партнерски организации – по две од Хрватска и Грција, и три од Северна Македонија. На обуката, која се одржа на островот Санторини во соседна Грција, Ѓорѓи Кушевски од ЦЕЕД спроведе обука за наставници од средни стручни училишта за подобро кариерно советување на учениците во овие училишта. Целта на обуката беше едукација на наставниот кадар за тоа како да им помогнат на своите ученици правилно да се насочат во изборот на својата идна кариера.
Ова беше прв ваков настан во рамките на проектот, а во следните месеци ќе следуваат и други активности насочени кон поддршка на учениците од средните стручни училишта вклучени во овој проект.