ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА КАПАЦИТЕТИ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Едукативната програма е наменета за постоечки социјални претпријатија од Југозападниот и Пелагонискиот регион во Република Македонија. Ќе биде одржана во мај и јуни во рамки на проектот, „SE Bridge“, финансиран од Европската унија, чија цел е зајакнување на социјалните претпријатија (СП), преку поддршка за формирање нови, зацврстување на нивните капацитети, но, и на капацитетите на веќе постоечките, како и овозможување подобра соработка со традиционалниот бизнис сектор.

Обуките ќе им овозможат на учесниците:

  • збогатување на менаџерските вештини за водење социјално претпријатие
  • вмрежување со постоечки бизниси
  • претставување пред потенцијални инвеститори
  • започнување соработка со социјални претпријатија од Албанија

Главните критериуми за учесниците за пријава на повикот се:

  •  Да бидат претставници на здружение на граѓани со економска активност, кооператива, занаетчија или комора на занаетчии, занаетчиски друштва, месна заедница, бизнис кој може да покаже дека најголем дел од профитот го реинвестира во остварувањето на социјалната мисија
  • Да имаат јасно дефинирана социјална мисија, односно општествен проблем кој го таргетираат со своите активности (сиромаштија, социјална исклученост, невработеност, заштита на животна средина, култура, образование и едукација и друго)

За учество во обуките, потребно е да се пополни прашалникот на линкот, најдоцна до 15 мај.

Сите пријавени кандидати и кандидатки ќе бидат известени за резултатите најдоцна една недела по затворањето на повикот.

Најдобрите три учесници, по завршувањето на обуката, ќе бидат грантирани, (поддржани) со по 3000 евра за зајакнување на личниот еко cоцијално-претприемачки профил.

Износот на обучувачката програма е 1000 евра, и истиот, за селектираните учесници, ќе биде целосно покриен во рамки на проектот SE-Bridge, кој се реализира како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија

 

Обуките ги организираат имплементаторите на проектот:
• Центар за развој на претприемачи и менаџери, CEED Македонија
• Асоцијација за истражување, комуникации и развој, „Паблик“,
Македонија
• Центар за обука на рурални жени од регионот Дибер, „Агритра Визион“,
Албанија
• CEED Албанија

Повикот може да го погледенете овде

[button title=”АПЛИЦИРАЈ” icon=”” icon_position=”right” link=”https://docs.google.com/forms/d/1soqyELSsSCfUQ-HEGEG249gYpCCnhp8TBDuSAptrM8o/viewform?edit_requested=true” color=”#2d2c45″ font_color=”#fff” large=”2″ target=”_blank” ]