Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалните бизниси (SE-Bridge)

Име на проектот:

Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалните бизниси (SE-Bridge)

Носител на проектот:
Центар за развој на претприемачи и менаџери, CEED Македонија

Партнери:
– Асоцијација за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, Македонија,
– Центар за обука на рурални жени од регионот Дибер, „Агритра Визион“, Албанија,
– CEED Албанија

 

Општествен контекст:
Во Европа постојат 2 милиони социјални претпријатија и истите претставуваат 10 отсто од сите бизниси во Европската унија. Всушност, повеќе од 11 милиони луѓе (или 6 отсто од сите вработени во ЕУ) работат во претпријатија за социјална економија. На социјалните претпријатија се гледа како на потенцијални ефективни модели за решавање на важни социјални прашања кои директно влијаат на маргинализираните групи. Оттука, социјалната економија и социјалните претпријатија имаат важна улога и влијание како добавувачи на секој пазар.
Партнерствата пак со традиционалниот бизнис сектор овозможуваат градење на вистински инклузивни бизнис модели, обезбедувајќи придобивки и за овие компании, како во поглед на пристап до производи, така и во форма на пристап до нови пазари, додека истовремено се инвестира во развој на заедницата. Затоа велиме дека социјалните претпријатија се мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалните бизниси.
„Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалните бизниси (SE-Bridge)“, е двогодишен проект кој има за цел да се посвети на зајакнување на социјалните претпријатија и социјалното претприемништво преку поддршка за формирање нови социјални претпријатија, зацврстување на нивните капацитети, но и на капацитетите на постоечките социјални претпријатија, овозможувајќи соработка со традиционалниот бизнис сектор, како и олеснување на пристапот на социјалните претпријатија до нови пазари и можности за финансирање.
Начинот на кој што сето ова ќе се оствари подразбира поддршка на засегантите региони да ја препознаат улогата на социјалните претпријатија, да ја разберат нивната важност во целокупната економија во општеството, овозможувајќи го нивниот раст и создавање услови за развој на повеќе социјални претпријатија.
Накусо, фокусот на проектот ќе биде на зголемување на интересот за можностите што ги нудат социјалните претпријатија и тоа преку активности кои подразбираат зголемување на бројот на вакви компании во прекуграничниот регион, како и интензивирање на нивната општа деловна активност и соработка со традиционалниот бизнис сектор.
Посебен акцент ќе биде ставен на интеграцијата на ранливите групи на пазарот на трудот, а една од придобивките за локалното население ќе биде и подобрување на економската позиција во регионот. Поточно, со зголемување на бројот на социјални претпријатија во Македонија и во Албанија и нивното поврзување со бизнис секторот, ќе се зголеми бројот на вработувања и ќе се подобри прекуграничната деловна соработка.
Проектот ќе се спроведува во прекуграничниот регион Македонија – Албанија, со фокус на регионот Дибер во Албанија и Југозападниот регион во Македонија, покривајќи дополнителни два прекугранични региони (по еден во секоја земја).

 

Цели:
• Подигнување на свеста и едукацијата за социјалното претприемништво меѓу прекуграничното население, релевантните чинители и кај традиционалниот бизнис сектор (ТБС), во двете земји;
• Градење на капацитети на поединци и организации за започнување и водење на социјално претпријатие преку обука, менторство, олеснување на можностите за прекугранична и можностите за меѓусекторска соработка и пристап до финансии;
• Зајакнување на постојните социјални претпријатија во прекуграничниот регион преку олеснување на контакти и партнерства со традиционалниот бизнис сектор со што ќе се овозможи нивен развој и зголемување на обртот;
• Поддршка на вработувањето и самовработувањето на ранливите групи (самохрани родители, долгорочно невработени, лица со посебни потреби) и промовирање на нивната работна интеграција во прекуграничниот регион;
• Зајакнување на деловната соработка (особено во прекуграничниот регион) и овозможување пристап до нови пазари.

Целни групи:
• Постоечки социјални претпријатија во одбрани региони во Македонија и Албанија (зголемување на нивните капацитети и зајакната, подобрена, интензивирана соработка со традиционалниот бизнис сектор).
• Поединци и организации од прекуграничниот регион кои сакаат да стартуваат економска активност преку социјално претпријатие (градење на нивните капацитети, едукација за започнување на социјално претпријатие, подобрување на целокупниот екосистем на социјално претприемништво, подобрени можности за пристап до финансии, подобрена соработка со традиционалниот бизнис сектор).
• Ранливи групи во прекуграничниот регион, вклучувајќи луѓе со посебни потреби, самохрани родители, долгорочно невработени лица итн. (зголемена свесност, подобрени услови и зајакнати капацитети за нивно вработување / самовработување).
• Традиционалниот бизнис сектор во прекуграничниот регион МК-АЛБ и пошироко (создавање на нови деловни можности со социјални претпријатија, подигање на нивното знаење за социјалното претприемништво и постоечките можности за соработка).

Активности:
Целите на проектот ќе се реализира преку имплементација на активности организирани во проектот како 3 комплементарни компоненти:
I – Компонента за градење на капацитети
II – Компонента за деловна соработка и вмрежување, и
III – Компонента за комуникација, мониторинг и евалуација

695 Comments

  1. Wonderful insights! The way you break down the complexities is commendable. For additional information on this topic, I recommend visiting: EXPLORE FURTHER. Keen to hear more opinions from the community!

  2. Пин Ап Казино Официальный Сайт [url=https://biznes-fabrika.kz/#]пин ап казино онлайн[/url] пин ап кз

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *