Поддршка за подобрување на работната интеграција на жените во 12 општини од земјава

Од почетокот на месец март, па до крајот на јуни оваа година, во тек се стручни обуки наменети за жени од три општини во земјава – Аеродром, Центар и Маврово Ростуше. Со обуките се опфатени 45 жени кои се пријавиле за развој на своите вештини за неколку занимања, барани на пазарот на труд.

Стручните обуки се спроведуваат во работничките домови во Скопје и Гостивар, а ги организира ЦЕЕД Македонија во партнерство со Политехничка академија од Битола (ПАБ) во рамките на проектот на UN Women “Промовирање на родово – одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија” финансиски поддржан од Швајцарија и Шведска.

Обуките спроведени од ЦЕЕД Македонија се дел од иницијативата на UN Women за поддршка на 12 општини во спроведување на мерки за економско зајакнување на жените. Во рамките на оваа иницијатива, од февруари до април 2022 се реализираа и повеќе други обуки, насочени кон зајакнување на вештините за вработување и самовработување на жени од 12 општини од земјава, а се фокусираа пред сѐ на вештини за развој на бизнис идеја и бизнис план, дигитален маркетинг, претприемачки и менаџерски вештини и некои основни вештини потребни за подобрување на вработливоста на жените. Кон крајот на 2021 беше спроведена и анализа на ситуацијата во однос на вклученоста на жените на пазарот на труд во Република Северна Македонија, и постоечките мерки за нивна поддршка.

Во продолжение неколку фотографии од стручните обуки во Скопје и Гостивар.

Show Buttons
Hide Buttons