Едукативната и развојна програма е наменета за поединци, тимови од две или повеќе лица, невладини организации, месни заедници и други соодветни кандидати кои имаат идеја за отпочнување на ново социјално претпријатие, или пак имаат новоформирано социјално претпријатие чиј модел допрва треба да се развива и јакне, и при тоа доаѓаат од некој од следните региони во Македонија:
Обуките ќе им овозможат на учесниците:
Работилницата ќе се одржи на крајот на февруари, почеток на март 2019-та година (локацијата ќе биде дополнително утврдена), а во рамките на проектот „SE – Bridge“ финансиран од Европската унија под ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.
Целта на проектот е зајакнување на социјалните претпријатија во прекуграничниот регион преку поддршка за формирање нови, зацврстување на нивните капацитети, но и на капацитетите на веќе постоечките. Воедно, проектот работи на овозможување подобра соработка на социјалните претпријатија со традиционалниот бизнис сектор.
Главните критериуми за пријавување и избор на учесниците се:
За учество во обуките, потребно е да се пополни прашалникот на следниов линк, најдоцна до 21-ви февруари 2019-та година.
Сите пријавени кандидати и кандидатки ќе бидат известени за резултатите најдоцна една недела по затворањето на повикот.
Најдобрите три учесници од програмите организирани во рамките на проектот ќе добијат грантови од по 3000 евра кои ќе треба да ги искористат за развој на своите новоформирани социјални претпријатија.
Вредноста на оваа едукативна и развојна програма е 1000 евра но, во рамките на овој проект, трошоците ќе бидат целосно покриени од страна на проектот. Поради тоа, селектираните учесници не плаќаат никаков надоместок за учество.
Проектот „SE-Bridge“ се реализира во соработка помеѓу: