Едукативната програма е наменета за поединци, тимови од две или повеќе лица, здруженија на граѓани, месни заедници и други соодветни кандидати кои имаат идеја за отпочнување на ново социјално претпријатие, или пак имаат новоформирано социјално претпријатие чиј модел допрва треба да се развива и јакне, и при тоа доаѓаат од некој од следните региони во Македонија:
- Југозападен регион
- Пелагониски регион.
Обуката ќе им овозможи на учесниците:
- Разработка и ревизија на нивниот бизнис модел и идеја;
- Унапредување на бизнис моделот и планот за развој на претпријатието и основање на социјално претпријатие на здрава и сигурна основа;
- Развој и јакнење на бизнис и менаџерски вештини;
- Зајакнување на свесноста за можностите за соработка со традиционалниот бизнис сектор;
- Вмрежување со други социјални претпријатија и носители на идеи за нивно формирање;
- Претставување пред потенцијални инвеститори.
Работилницата ќе се одржи на 17, 18 и 19-ти октомври 2018-та година во Југозападен или Пелагониски регион (точната локација дополнително ќе биде утврдена).
Главните критериуми за пријавување и избор на учесниците се:
- Кандидатите треба да бидат или поединци и тимови кои имаат идеја за започнување на социјално претпријатие, или претставници на здружение на граѓани, кооператива, занаетчија или комора на занаетчии, занаетчиски друштва, месна заедница и слично, кои сакаат да започнат вакво претпријатие (бизнис кој најголем дел од профитот го реинвестира во остварувањето на некоја социјална мисија);
- Кандидатите треба да имаат идеја за економска активност со јасно дефинирана социјална мисија, односно општествен проблем кој ќе го таргетираат со своите активности (сиромаштија, социјална исклученост, невработеност, заштита на животна средина, култура, образование и едукација и друго).
За учество на обуките, потребно е да се пополни апликацијата на следниов линк, најдоцна до 9-ти октомври 2018-та година. Бројот на места е ограничен.
Сите пријавени кандидати и кандидатки ќе бидат известени за резултатите најдоцна два работни дена по затворањето на повикот.
Најдобрите три учесници од програмите организирани во рамките на проектот ќе добијат грантови од по 3000 евра кои ќе треба да ги искористат за развој на своите новоформирани или постоечки социјални претпријатија.
Вредноста на оваа едукативна и развојна програма е 1.000 евра но, во рамките на овој проект, трошоците ќе бидат целосно покриени од страна на проектот. Поради тоа, селектираните учесници не плаќаат никаков надоместок за учество.
Проектот „SE-Bridge“ се реализира во соработка помеѓу:
- Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија од Скопје
- Асоцијација за истражување, комуникации и развој, „Паблик“,
Македонија од Скопје - Центарот за обука на рурални жени од регионот Дибер, „Агритра Визион“,
Албанија - CEED Албанија
За подетални информации, контактирајте ја Ана Трповска на [email protected] или Александра Илоска на [email protected].
[button title=”АПЛИЦИРАЈ” icon=”” icon_position=”right” link=”https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScYsQcMTX9NKLHqwAhtK7O6Pr9HJUQZpBGNpr4CWyBQg2e37g/viewform?edit_requested=true” color=”#2d2c45″ font_color=”#fff” large=”2″ target=”_blank” ]
I don’t think the title of your article matches the content lol. Just kidding, mainly because I had some doubts after reading the article. https://accounts.binance.com/cs/register?ref=T7KCZASX
This piece was both insightful and entertaining! For additional info, visit: FIND OUT MORE. What do others think?
Hello there, just became aware of your blog through Google, and found that it is really informative.
I’m going to watch out for brussels. I’ll be grateful if you continue this in future.
Lots of people will be benefited from your writing.
Cheers! Lista escape roomów
I like this site very much, Its a really nice post to read and find
information.!
I was looking through some of your posts on this internet site and I believe this web site is very instructive!
Keep on posting. Travel blog