Young Engineers: Ексклузивна едукација за деца со LEGO® коцки за интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика

YOUNG ENGINEERS во соработка со CEED HUB Skopje ја овозможуваат ексклузивната едукација за деца со LEGO® коцки за интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика на Young Engineers e², застапена во над 50 земји во светот, сега и кај нас!

Нудиме можност за стекнување со знаење кое трае цел живот и учиме по know – how од Израел, една од водечките нации на полето на иновации на глобално ниво, го поттикнуваме иновативното размислување кај децата од најмала возраст, по стандардите на лиценцата за STEM едукација на Young Engineers застапена во над 50 земји од светот за кои единствено Young Engineers Skopje Macedonia ги има откупено правата за нашата територија.

Со свој специјално дизајниран STEM курикулум и LEGO® сетови за спроведување на програмите наменети за децата од 5 до 15 години, како носители на лиценцата за нашата територија, нудиме ексклузивна и уникатна можност за стекнување со способности и вештини неопходни за животот на 21 век, со програми кои се:

  • Добитници на признание од EU за совршени едукативни програми и
    придонес во развој на иновативно општество.
  •  Добитници на награда од Британско министерство за образование.
  • Добитници на прва награда од Youth Business International.
  • Добитници на Гинисов рекорд.
  • Поддржани од iCarnegie на Универзитетот „Карнеги Мелон“
  •  Статистички докажани од Center for Cooperation and Advancement (CCA), MASHAV Trainig Center.

Часовите ги водат:
-Асистенти на Факултети, дипломирани од област на компјутерски науки,
физика и инженери по информатика и електротехника.
-Квалификувани наставници, обучувачи за методика, психологија и
педагогија во образование и едукација.
-Сертифицирани, врвни и ценети професионалци кои во рамките на
стручната инженерска заедница и општеството во целина, со висок степен
на кредибилност и признанија.

ПРИДОБИВКИ со кои се стекнуваат децата:

  • Запознавање со програмирање и машинско инженерство
  • Запознавање со терминологија и работа со софтверско инженерство
  • Вовед во алгоритамско размислување
  • Критичко и креативно размислување
  • Поттикнување кон размислување за решавање на проблеми
  • Наука и инженерство
  • Основни човечки вредности
  • Емпатија
  • Лидерство
  • Тимски дух
  • „Outside of the box“ размислување.

За таа цел, отворивме УПИСИ ЗА НОВИ ДЕЦА на 3 локации во Скопје.

Локации:
1. ФЕИТ (Факултет за Електротехника и Информациски технологии)
2. CEED Hub Skopje (ул.Руѓер Бошковиќ бр.18)
3. ул. Истарска, бр.33

Термини за пријавување и запишување во програмата Algo Play:

Лиценцата нуди редовни годишни програми за изучување на основни STEM принципи, напредни STEM принципи, програмирање, роботика и иновации. Програми преку кои децата учат додека моделите се движат, користат LED светла и сензори за интеракција со окружувањето.

Освен редовните програми, нудиме можност и за:
· Едукативни и забавни работилници за деца (e² Birthday Parties),
· Кампови/работилници/школи (e² LEGO Bricks Camps),
· Програми за деца со попреченост во развој(BUILD UP Special needs- LEGO Enrichment Workshop),
· Програми за постари лица(Golden Age- Senior Citizens Workshops),
· Работилници за возрасни луѓе(Adult PRO LEGO)

Уписите се во тек. Аплицирајте овде.