Pitching сесија на учесниците во проектот SE-Bridge

Во рамките на проектот Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE-Bridge), на 31.05.2019 во Прилеп се одржа pitching сесија на која своите бизнис модели за социјални претпријатија ги презентираа дваесетина учесници во проектот. Сесијата се одвиваше пред комисија која во текот на следните недели ќе одлучи кои од кандидатите ќе добијат грантови како помош за реализација на нивните идеи.

Во рамките на проектот кои се спроведува во прекуграничниот регион на Албанија и Северна Македонија ќе бидат доделени вкупно 6 грантови во висина од 3000 ЕУР секој, и тоа три во Северна Македонија и три во Албанија.

Проектот Se-Bridge е поддржан од Европската унија во рамките на Програмата за прекугранична соработка.

 

 

Show Buttons
Hide Buttons