Бенефитите од социјалното претприемништво – тридневна тема во Битола

Source: http://public.org.mk/benefitite-od-sotsijalnoto-pretpriemnishtvo-tridnevna-tema-vo-bitola/

Поединци, тимови и здруженија на граѓани кои имаат идеја за отпочнување на социјално претпријатие, или пак имаат новоформирано социјално претпријатие чиј модел допрва треба да се развива и јакнеод среда до петок, (27, 28 и 29 јуни), ќе бидат дел од обуката „Развој на одржливи социјални бизниси“ која што ќе се спроведе во Битола (хотел „Милениум Палас“).

Тридневната р
аботилница е во рамки на проектот „Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE-Bridge)“, финансиран од Европската унија во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, а во имплементација на Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, Агритра Визион центар од Пешкопи Албанија и CEED Албанија.

Програмата има за цел да ги зајакне капацитетите на постоечките социјални претпријатија
 од Југозападниот и од Пелагонискиот регион, и во исто време да укаже на придобвиките што ги носи социјалната економија како сектор кој развива економски активности за важни општествени цели.

Учесниците, по завршената обука ќе можат поефективно да го разработат својот бизнис модел, да ги зајакнат своите бизнис и менаџерски вештини, но, и свесноста за можностите за соработка со традиционалниот бизнис сектор. Обуката треба да им овозможи и полесно вмрежување со други социјални претпријатија, но и знаење како да се претстават пред потенцијални инвеститори.
И
звршната директорка на „Паблик“, Климентина Илијевски вели дека оваа обука ќе придонесе во создавањето сензибилизирани претприемачи кои што ќе развиваат иновативни бизнис решенија преку кои што ќе се решаваат важни општествени проблеми и ќе се развива инклузивно претприемништво и циркуларна економија.

– Мноштво бизниси прават профит предизвикувајќи проблеми, но, бројни примери од праксата покажале дека бизнисите можат да прават профит решавајќи проблеми. Обуката во Битола ќе даде свој придонес во развојот на одржливи бизниси кои што покрај за профитот, се грижат и за општеството и планетата – рече Илијевски.

Целта на обуката во Битола е и интензивирање на соработката на социјалните претпријатија со традиционалниот бизнис сектор.

– Важноста на соработката помеѓу традиционалниот бизнис сектор и социјалните претпријатија е нешто што е добро познато и потврдена пракса во развиениот свет. Се чини дека во нашиот регион (и во Македонија, и во Албанија) не постои доволно свесност за важноста и потенцијалот на оваа релација, па од таа причина, една од целите на нашиот проект е токму подигање на свесноста за ова кај двата сектора, и поттикнување на соработката помеѓу нив – рече Ана Трповска, проектен менаџер од ЦЕЕД Македонија.

Во Европа постојат 2 милиони социјални претпријатија и истите претставуваат 10 отсто од сите бизниси во Европската унија. Всушност, повеќе од 11 милиони луѓе (или 6 отсто од сите вработени во ЕУ) работат во претпријатија за социјална економија. На социјалните претпријатија се гледа како на потенцијални ефективни модели за решавање на важни социјални прашања кои директно влијаат на маргинализираните групи. Оттука, социјалната економија и социјалните претпријатија имаат важна улога и влијание како добавувачи на секој пазар.