„Социјалната економија – нов тренд во развојот на светската економија“ е името на настанот кој на 14-ти ноември ќе се случува во хотел „Епинал“ во Битола, како дел од проектот „Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис, (SE-Bridge)“. Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, имплементиран од страна на Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, и Агритра Визион Центер и ЦЕЕД Албанија од Албанија.
Настанот кој ќе се состои од саем на социјални претпријатија и конференција, ќе обедини социјални претпријатија од двете земји, претставници на бизнис секторот, голем број на граѓански организации, гости експерти од Словенија, Австрија, Белгија, а главниот фокус на сите учесници ќе биде на тема: Каде се движи светската економија?
Во рамките на Саемот, социјални претпријатија од Македонија и Албанија ќе имаат можност да ги претстават своите услуги и производи пред присутните гости и учесници.
Зајакнати капацитети на постоечки и новоформирани социјални претпријатија, придонес во создавањето соодветен пазар на труд за ранливите групи, развој и унапредување на целокипниот екосистем за социјалното претприемништво, се главните придобивки кои ги донесе проектот „Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис, (SE-Bridge)“.
Сите кои се заинтересирани за присуство на настанот, може да се пријават на мејлот: [email protected], најдоцна до 11 ноември, 2019 година.
Учеството е бесплатно, а бројот на места е ограничен.
This piece was both informative and amusing! For more, visit: LEARN MORE. Keen to hear everyone’s views!
I was studying some of your posts on this site and I think
this site is real informative! Continue posting.Raise your business
Consistent with this idea, most of the YFP GFAP cells in DIV4 colonies were colabeled for Sox10, Phox2b 19, 25, and Sox2 ref buy priligy paypal