Се одржа регионалната конференција „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“

На 28ми и 29ти Март 2023 се одржа регионалната конференција „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“ на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а со поддршка од USAID North Macedonia и Фондот за иновации и технолошки развој. Во панелот за Претприемничко образование учество зеде и Ѓорѓи Кушевски, Директор на Ceed Hub Скопје и Претседател на Управниот Одбор на Junior Achievement Macedonia.
 
Во рамките на конференцијата се одржаа повеќе панел дискусии во кои учествуваа претставници на Џуниор Ачивмент и УСАИД, како и на образовни институции и невладини организации. Се дискутираше за важноста на претприемничкото образование како начин за зајакнување на компетенциите и вештините на младите со цел нивен подобар пласман на пазарот на трудот, како и за потребата од следење на најактуелните трендови во образованието како процес кој постојано се менува.