Во општина Тетово вчера (16.01.2023) се одржа состанок на дел од тимот на прекуграничниот проект „Заживување на занаетите и градење на култура за заеднички туристички развој“. Состанокот беше одржан со цел да се дефинираат важни аспекти на активностите кои следат во претстојниот период, особено на оние поврзани со инфраструктурните работи кои се предвидени во градот Тетово во рамките на овој проект.
На состанокот на кој присуствуваа претставници на ЦЕЕД Македонија, како и на релевантните сектори од Општина Тетово, беа договорени и следните чекори во имплементацијата на градежните активности.