Свечено се отвори „Бустер неделата за стартапи“ на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Вчера, на 2 мај 2023 на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се отвори „Бустер неделата за стартапи“ организирана од Универзитетот од Луцерн – Швајцарија, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Бизнис Акцелераторот CEED Hub Скопје.

На свеченото отворање, учесниците во програмата ги поздравија: Градоначалникот на Штип – Иван Јорданов, Амбасадорката на Швајцарија – Véronique Hulmann Marti, Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип – проф. д-р Дејан Мираковски, Деканот на Факултетот за информатички технологии на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип – проф. д-р Сашо Коцески, како и проф. д-р René Zeier од Универзитетот во Луцерн, Швајцарија.

На сите учесници им посакуваме успешна и продуктивна работа, како и успешна финална презентација која ќе се одржи во сабота, на 6 мај 2023, со почеток во 13:30 часот на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.