Денес (03.07.2024) во Призрен се одржува прекугранична работилница за креирање на нова туристичка понуда базирана на локалните занаети, чија цел е да произведе најмалку 4 нови туристички понуди/пакети (по 2 за секоја земја) кои истовремено ќе го поддржат развојот на туризмот во овој регион и ќе помогнат во промоција и развој на локалните занаети.
На работилницата учествуваат претставници од туристичко-угостителскиот и занаетчискиот сектор на двете земји, поконкретно бизниси кои доаѓаат од регионите покриени со програмската област на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу овие две земји. Целта е – со заедничка работа, размена на искуства и идеи, како и информации за постоечките потенцијали на двете земји, учесниците заеднички да креираат нова понуда која ќе биде атрактивна за посетителите на прекуграничниот регион, и која понатаму ќе се промовира преку туристичките оператори на двете земји.
Работилницата се организира во рамките на проектот „Заживување на занаетите и градење на култура за заеднички туристички развој“ кој е финансиран од Европската унија во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија. Водечки партнер во проектот е Општина Призрен, а останати партнери се Општина Тетово, Фондација ЦЕЕД Македонија и ЦЕЕД Косово.