Проектот „Заживување на занаетите и градење на култура за заеднички туристички развој“ иницира соработка со релевантни здруженија од Тетово

Вчера во Тетово, македонскиот дел од тимот на Проектот за Заживување на занаетите во Тетово и Призрен оствари средба со две релевантни организации од овој град, односно со Агенцијата за Поддршка на Претпријатија – ЕСА Тетово и Форумот на Жени од Тетово. Целта на состаноците беше овие организации да се запознаат со проектот, неговите планирани активности и цели, како и со поддршката која им се нуди на нивните целни клиенти преку проектот. Целта беше да се мотивира нивното вклучување во проектот, особено за допирањето до целните групи на проектот, како и активностите за градење на капацитети.

Поради јасно согледување на придобивките за нивните целни клиенти, обете организации изразија првичен интерес да ги поддржат активностите на проектот. Се разговараше за идните чекори, а комуникацијата ќе продолжи во насока на градење оваа соработка.

На средбите присуствуваа тројца членови на македонскиот тим на Проектот, и тоа – Ана Трповска од CEED Македонија во улога на Регионален координатор на проектот, Ѓорѓи Кушевски од CEED Македонија како Технички координатор за градење на капацитети и Ленарт Ајдини од Општина Тетово како Соработник за туризам во овој проект. Во името на ЕСА на состанокот учествување Неби Јусуфи – менаџер на ЕСА, а за Форумот на жени зборување нивната претседателка Џане Крешова.

Овој проект за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија е финансиран од Европската Унија преку програмата ИПА II и е двегодишен проект кој е фокусиран на развој на туризмот во Призрен и Тетово преку поддршка на занаетчиството и развивање нова туристичка понуда заснована на привлечноста на локалните занаети. Општина Призрен е водечки партнер во проектот, а од Косовска страна во проектот е вклучен и CEED Косово.