Поттикнати од одличните идеи кои ги добивме за време на првиот UPSHIFT циклус, како и заинтересираноста за решавање на проблеми од областа на заштита на животната средина – решивме вториот циклус да го посветиме на проблем кој нè засега сите нас и кој бара итни и иновативни решенија.
Екстремно висока концентрација на штетни честички во воздухот, која во голема мера ги надминува поставените граници за заштита на нашето здравје, е редовно регистирана во скоро сите населени места ширум земјата.
Со секој здив, илјадници деца во земјата вдишуваат отровен воздух. Загадувањето на воздухот има најголемо влијание врз здравјето на децата во споредба со сите други еколошки закани, а последиците се долготрајни. Но, постојат начини за превенција и намалување на штетните ефекти.
Нашиот нов предизвик за вас гласи:
како да го намалиме загадувањето и да го подобриме квалитетот на воздухот во и околу училиштата и градинките?
Размислувајте локално, но не заборавајте дека добрите идеи можат да го променат светот – загадувањето на воздухот е глобален проблем. Имајте во предвид дека бараме конкретни и иновативни решенија во вид на производ, услуга или процес (на пример: повеќе зелени површини, воведување училишни автобуси, регулирање на сообраќај околу училиштата, инсталирање зелени ѕидови, зони со забрана за движење на возила – овие се само мал дел од можностите кои постојат). Истите можат да се однесуваат на самите училишта но и на сите локации каде што најчесто се движите, односно решенија кои го вклучуваат и јавниот превоз. Покрај решенија за веќе настанатиот проблем, потребно е да размислуваме и во насока на превенција!
Што треба да направите?
Соберете тим од 2 до 5 учесници на возраст од 13 до 19 години и пополнете ја апликацијата до 30ти ноември. Повикот е отворен за сите заинтересирани ширум државата.
Ние ќе ве известиме дали сте меѓу десетте тимови кои имаат најголем потенцијал и кои ќе добијат шанса да учествуваат на втората UPSHIFT работилница на почетокот на декември 2018 год. Најдобрите пет ќе добијат менторска и финансиска поддршка.
Што да очекувате од програмата?
- Да научите нови техники кои се применливи во решавање на било каков проблем.
- Можност да ја развиете и спроведете вашата идеја.
- Да стекнете супер корисни вештини и конечно да ја победите тремата од презентирање.
- Да придонесете во решавањето на проблемот со намалување на загадувањето и штетните влијанија на загадениот воздух кои нè засегаат сите.
- Многу забава и дружење!
Корисни материјали и линкови:
Годишен извештај за квалитетот на животната средина
How your school can prevent pollution?
https://www.epa.gov/iaq-schools/technical-solutions-common-indoor-air-quality-issues-schools
https://www.conserve-energy-future.com/41-super-easy-ways-to-stop-air-pollution.php
За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување контактирате со Маја Трајкова на: [email protected] или посетете го веб-сајтот на проектот www.upshiftmk.org
*UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.
Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.
[button title=”АПЛИЦИРАЈ” icon=”” icon_position=”right” link=”https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfU-n0JgxyVFUOCLmpRYCrxdYTa4MzrDY0vFhfdH9Uzyv_ozA/viewform” color=”#2d2c45″ font_color=”#fff” large=”2″ target=”_blank” ]