Настан за поттикнување на соработката помеѓу социјалниот сектор и традиционалните бизниси

Во моментов во Битола се одржува вториот дел од работилниците за поттикнување на соработката помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис, како дел од напорите на проектот „Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис – SE-Bridge“ за поддршка на развојот на социјалното претприемништво.

На настанот присуствуваат повеќе од 20 компании и социјални претпријатија од пограничниот регион, но и пошироко, за да ги споделат своите искуства, предизвиците и придобивките од меѓусебната соработката (или недостаток на соработка). Целта на настанот, но и напорите на проектот генерално, е да ги поттикне компаниите да размислуваат социјално одговорно и да ја отворат можноста за соработка со социјалните компании од Македонија и Албанија.

Проектот SE-Bridge е двегодишен проект кој е финансиран од Европската унија во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Албанија и Северна Македонија, имплементиран во партнерство помеѓу ЦЕЕД Македонија и ПАБЛИК од Скопје, и Агритра-Визион Центер и ЦЕЕД Албанија од Албанија.