Денес, во просториите на ЦЕЕД Македонија во Скопје, а во рамките на проектот за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија – „Заживување на занаетите и градење култура за заеднички туристички развој“, поддржан од ЕУ, со група на занаетчии се одржа првата од низа менторски сесии планирани во склоп на проектот.

Целта на средбата беше занаетчиите кои изразија интерес и потреба од менторска поддршка во неколку области да се запознаат со својот прв ментор и да разменат првични информации со менторот за нивните занаети, степен на развој и очекувања од менторството, приоритетни потреби, и динамика на средбите, што ќе биде искористено како вредна информација за планирање на индивидуалните сесии.
На состанокот присуствуваа и претставници на проектот, а индивидуалните сесии продолжуваат веќе во следниве денови. Прекуграничниот проект кој се фокусира на развој на туризмот преку поддршка на занаетите и креирање нова туристичка понуда се реализира во партнерство помеѓу Општина Призрен, Општина Тетово, Фондација ЦЕЕД Македонија и ЦЕЕД Косово.
