На 26ти, 27ми и 28ми Септември 2023 година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа тридневна обука за социјално претприемништво.
Учесниците имаа можност да се запознаат со социјалното претприемништво, неговите принципи и карактеристики, да работат на развој на своите социјални бизнис идеи, како и да видат примери за социјални бизниси. Исто така, заедно со менторите работеа на развој на социјален бизнис модел кој е од клучно значење за одржливоста и влијанието на социјалното претпријатие.
Обуката се заокружи со финалниот pitching и презентациите на секој од тимовите, како и со прогласување на најуспешните кои имаа навистина извонредни и остварливи бизнис идеи.
Обуката беше во организација на Јунус центар за социјални бизниси – Економски факултет-Скопје и Центар за претприемачи и развој на менаџери CEED Hub Skopje во рамки на Youth Actively Create Opportunities, aктивност на USAID North Macedonia имплементирана oд организацијата IESC во партнерство со Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF.