Средба на тимот од прекуграничниот проект „Заживување на занаетите и градење на култура за заеднички туристички развој“

Во општина Тетово вчера (16.01.2023) се одржа состанок на дел од тимот на прекуграничниот проект „Заживување на занаетите и градење на култура за заеднички туристички развој“. Состанокот беше одржан со цел да се дефинираат важни аспекти на активностите кои следат во претстојниот период, особено на оние поврзани со инфраструктурните работи кои се предвидени во градот Тетово во рамките на овој проект.

На состанокот на кој присуствуваа претставници на ЦЕЕД Македонија, како и на релевантните сектори од Општина Тетово, беа договорени и следните чекори во имплементацијата на градежните активности.

Општата цел на овој прекуграничен проект е да се забрза развојот на туризмот во Полошкиот регион во Северна Македонија и Јужниот економски регион во Косово преку подобрен квалитет и разновидна понуда на занаетчиството и микро бизнис субјектите од областа туризмот и угостителството, што ќе резултира со зголемена атрактивност на регионот и позадоволни посетители. Проектот е поддржан од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија.

Show Buttons
Hide Buttons