Нова година, нови предизвици. Социјални предизвици кои бараат решение од млади иноватори!
USPHIFT програмата преку која младите изминатава година решаваа социјални предизвици продолжува и оваа година. Минатиот циклус имавме одлични решенија за општествени проблеми кои прераснаа во мали бизниси и продолжија да функционираат и бидат самоодржливи.
Дел од решенијата кои беа понудени од младите придонесуваат кон решавање на проблемите со загадениот воздух, употребата на пластика, нездравата исхрана на учениците, интерактивни предавања во училиштата и многу други.
Го објавуваме првиот од трите АПШИФТ повици за 2020година.
Првиот повик е наменет само за основите училишта од целата држава.
Затоа ги повикуваме сите наставници од основните училишта кои го предаваат предметот Иновации да формираат тим од 2-5 ученици од 9то одделение и да се пријават најдоцна до 10ти февруари 2020, со пополнување на следнава апликација.
Преку програмата сакаме да ги поттикнеме младите да ги препознаат општествените предизвици и да понудат иновативни решенија во вид на производ или услуга.
Ние преку тридневна работилница ќе ги помогнеме и поддржиме тимовите во реализација на решенијата за решавање на социјалните проблеми кои тимовите ги имаат идентификувано.
По завршувањето на повикот, десетте тимови кои имаат најголем потенцијал и ќе добијат шанса да учествуваат во првата UPSHIFT работилница за 2020г.
Со учеството во програмата учесниците:
Затоа, силно ги охрабруваме сите млади да го пронајдат проблемот кој најмногу ги предизвикува и изнајдат решение за истиот.
За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување контактирате со Маја Трајкова на: mtrajkova@ceed-macedonia.org или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.