Отворен првиот повик за програмата UPSHIFT 2020 – Социјални предизвици за млади иноватори!

Нова година, нови предизвици. Социјални предизвици кои бараат решение од млади иноватори!

USPHIFT програмата преку која младите изминатава година решаваа социјални предизвици продолжува и оваа година. Минатиот циклус имавме одлични решенија за општествени проблеми кои прераснаа во мали бизниси и продолжија да функционираат и бидат самоодржливи.

Дел од решенијата кои беа понудени од младите придонесуваат кон решавање на проблемите со загадениот воздух, употребата на пластика, нездравата исхрана на учениците, интерактивни предавања во училиштата и многу други.

Го објавуваме првиот од трите АПШИФТ повици за 2020година.

Првиот повик е наменет само за основите училишта од целата држава.

Затоа ги повикуваме сите наставници од основните училишта кои го предаваат предметот Иновации да формираат тим од 2-5 ученици од 9то одделение и да се пријават најдоцна до 10ти февруари 2020, со пополнување на следнава апликација.

Преку програмата сакаме да ги поттикнеме младите да ги препознаат општествените предизвици и да понудат иновативни решенија во вид на производ или услуга.

Ние преку тридневна работилница ќе ги помогнеме и поддржиме тимовите во реализација на решенијата за решавање на социјалните проблеми кои тимовите ги имаат идентификувано.

По завршувањето на повикот, десетте тимови кои имаат најголем потенцијал и ќе добијат шанса да учествуваат во првата UPSHIFT работилница за 2020г.

Со учеството во програмата учесниците:

  • ќе се стекнат со нови вештини и знаења кои се применливи во решавање на било каков проблем.
  • ќе придонесат да се реши проблем заедницата, а и пошироко;
  • ќе научат како да ја дизајнираат, развијат и спроведат нивната идеја;
  • ќе стекнат нови пријателства и
  • ќе добијат можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да започнат со реализација на идејата.

Затоа, силно ги охрабруваме сите млади да го пронајдат проблемот кој најмногу ги предизвикува и изнајдат решение за истиот.

[button title=”АПЛИЦИРАЈ” icon=”” icon_position=”right” link=”https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeZ7T_PA9O7roJS7LUWeFhaE8qnHYnAMp1IgCSMGLNy8Yofew/viewform” color=”#2d2c45″ font_color=”#fff” large=”2″ target=”_blank” ]

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување контактирате со Маја Трајкова на: mtrajkova@ceed-macedonia.org или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.

 

*UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства. Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *