Настани на ЦЕЕД на тема Деловна етика, интегритет и корупција: Како да го заштитите вашиот бизнис од негативни влијанија

Како дел од соработката помеѓу ЦЕЕД Македонија и Проектот за граѓанско учество на УСАИД, на 7 и 8 јуни во хотел Парк во Скопје беа организирани два настани наменети за претставници на бизнис секторот од Македонија, односно за сопственици на бизниси и менаџери од повеќе индустрии. Целта на настанот беше вмрежување на компаниите, но и презентација и дискусија на тема – Деловна етика, интегритет и корупција: Како да го заштитите вашиот бизнис од негативни влијанија. На настанот особено беше потенцирано зошто е важна активната вклученост на чинителите од бизнис секторот во борбата против корупција, како и дијалогот со јавниот сектор околу оваа проблематика.

Третото издание на истиот настан ќе се одржи на 7-ми јули во ресторанот „Ореов Лад“ во Скопје, како и во Куманово на 14-ти јули.

Ги покануваме сите заинтересирани кои не беа дел од првите два настани да се пријават за учество на ceed@ceed-macedonia.org или на dbojkova@ceed-macedonia.org.

Во продолжение неколку фотографии од првите 2 настани.

 

Show Buttons
Hide Buttons