КОНКУРС за учество на жени на обуки за подобрување на нивните вештини за вработување и самовработување

Фондација ЦЕЕД Македонија објавува конкурс за учество на жени од неколку општини на обуки за:

1) Развој на бизнис идеја и бизнис план, 2) Претприемништво и менаџерски вештини, 3) Основни вештини за вработување и 4) Дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии.

Обуките се спроведуваат како дел од проектот на UN Women “Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија”, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА.

Обуките се наменети за жителки на Град Скопје, како и на следните општини: Аеродром, Битола, Гази Баба, Кисела Вода, Кочани, Крива Паланка, Маврово-Ростуше, Свети Николе, Струмица и Центар.

Заинтересираните кандидатки кои ги исполнуваат критериумите за учество можат да аплицираат за една или повеќе од следните обуки достапни во нивната општина:

Тема

Општини (број на учеснички)

Критериуми за учество

 

Развој на бизнис идеја и бизнис план

(3 дена)

Струмица (25)

Крива Паланка (25)

Центар (20)

Битола (30)

Аеродром (25)

Кочани (20)

Кисела Вода (20)

Град Скопје (50)

Свети Николе (25)

Гази Баба (20)

Невработена

– Има идеја за започнување на сопствен бизнис

– На возраст од 18+ години

– Завршено минимум средно образование

– Жителка на една од наведените општини

 

Претприемништво и менаџерски вештини

(2 дена)

Струмица (25)

Крива Паланка (25)

Центар (20)

Битола (30)

Аеродром (25)

Кочани (20)

Кисела Вода (20)

Град Скопје (50)

Свети Николе (25)

Гази Баба (20)

– Невработена, или

– Има идеја за започнување на сопствен бизнис или има започнато свој бизнис во изминатите 3 години

– На возраст од 18+ години

– Завршено минимум средно образование

– Жителка на една од наведените општини

 

 

Основни вештини за вработување

(2 дена)

 

Кочани (30)

Битола (30)

– Невработена

– На возраст од 18+ години

– Завршено минимум средно образование

– Жителка на една од наведените општини

 

Дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии

(2 дена)

Струмица (25)

Крива Паланка (25)

Центар (20)

Битола (30)

Аеродром (25)

Кочани (20)

Кисела Вода (20)

Свети Николе (25)

Маврово Ростуше (2)

– Невработена, или

– Има идеја за започнување на сопствен бизнис или има започнато свој бизнис во изминатите 3 години

– На возраст од 18+ години

– Завршено минимум средно образование

– Жителка на една од наведените општини

Целта на овие обуки е подобрување на пристапот до и зголемување на конкурентноста на жените на пазарот на труд, преку подобрување на нивните вештини за вработување и самовработување.

Обуките ќе се спроведуваат во периодот од јануари 2022 до август 2022.

Сите заинтересирани кандидатки можат да се пријават за учество на една или повеќе од обуките кои се достапни во нивните општини по електронски пат, или со директно поднесување на апликација до општината. Доколку сакате да поднесете апликација директно во вашата општина, контактирајте со одговорното лице во вашата општина наведено подолу во табелата:

Општина

Контакт лице Е-мејл и телефон

Аеродром пријава

Весна Марковска

vesna.markovska@aerodrom.gov.mk

070 321 802

Битола пријава

Анита Ангелевска

angelevskaa@bitola.gov.mk

075 335855

Гази Баба пријава

Емилија Ѓурчиновска

Добри Петров

egjurcinovska@yahoo.com

070 237 880

Dobri88@hotmail.com

072/207 082

Кисела Вода пријава

Симон Тошанов simon.toshanov@kiselavoda.gov.mk

070 683 810

Кочани пријава        

       Љубинка Ајтовска        

 

ajtovska@mail.com

072 306 081

Крива Паланка пријава

Антонио Давитковски lmitovska@krivapalanka.gov.mk

075368077

Маврово Ростуше пријава

Суада Мавмути

Suada.mavmuti@gmail.com

078 291 200

Свети Николе пријава Ивана Димитрова

Ivana.jordanova@svetinikole.gov.mk

078 534 628

Струмица пријава

Нела Масалковска nela.masalkovska@strumica.gov.mk

034 348 047

Центар пријава Дрита Исени

Убавка Стојанова  Арсова

drita.iseni@centar.gov.mk

076 381 114

bupsi321@gmail.com

075 282 033

Град Скопје пријава Даниела Тримчевска

daniela.krsteska@skopje.gov.mk

070 246 785

Рокот за пријавување е 9 јануари, 2021 година до 16:00 часот.

За дополнителни информации околу начинот на организација на обуките, пишете ни на atrpovska@ceed-macedonia.org.

Покрај горенаведените критериуми, при изборот на учесничките ќе се следи принципот „прва пријавена – прва услужена“.  Особено се охрабруваат да се пријават жени од ранливи категории (самохрани мајки, жени од рурални средини, жртви на семејно насилство, жени со попреченост, итн.)

ВАЖНО: Обуките ќе се спроведуваат со комбиниран пристап – онлајн и со физичко присуство, а начинот на реализација на обуките ќе зависи од епидемиолошка состојба во периодот на одржување на обуките. Доколку обуките се реализираат онлајн, постои можност за следење на обуката во просториите на општината или на ЦЕЕД Македонија, каде ќе бидат овозможени потребните технички услови.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *