Бесплатен настан за поврзување на компании од традиционалниот сектор со социјални бизниси

По трите работилници наменети за домашни компании, кои во организација на ЦЕЕД Македонија на почетокот на октомври се одржаа во Прилеп, Битола и Струга, на 29-ти октомври во хотел Епинал во Битола ќе се одржи бесплатен полудневен бизнис настан наменет за компании и социјални претпријатија. Настанот, чија цел е едукација, подигање на свесноста за потенцијалот на соработката помеѓу традиционалниот и социјалниот бизнис и креирање на можности за деловна соработка, ќе содржи 3 сесии и тоа:

  • Едукативен дел со информации за современите, социјално одговорни модели на бизнис соработка во светот и регионот;
  • Сесија за куси деловни средби (speed dating);
  • Панел дискусија за можностите и предизвиците на деловната соработка помеѓу двата сектора (со претставници од традиционалниот бизнис сектор и социјални претпријатија).

Сите заинтересирани компании можат да пријават свои учесници на следните контакти: atrpovska@ceed-macedonia.org или на телефоните 075 214 344 и 02 3079 611, и тоа најдоцна до 24ти октомври 2019-та г.

 

Настанот се организира во рамките на проектот Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE-Bridge) поддржан од ЕУ во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Албанија и Македонија, имплементиран во партнерство помеѓу ЦЕЕД Македонија и ПАБЛИК од Скопје, и Агритра Визион Центер и ЦЕЕД Албанија од Албанија. Двегодишниот проект работи на поддршка на развојот на социјалното претприемништво во пограничните региони на Албанија и Северна Македонија, како и на стимулирање на соработката помеѓу традиционалниот и социјалниот бизнис сектор.

Show Buttons
Hide Buttons