Дали сте подготвени за предизвикот UPSHIFT?

Имаш идеја за производ или услуга која сакаш да ја развиеш? Сакаш да промениш нешто во твојата заедница? А да учествуваш во програма која се спроведува на светско ниво?

Ако сите одговори се „ДА“ тогаш собери свој тим и бидете дел од првата генерација на млади UPSHIFT иноватори и социјални претприемачи!

Ние – Министерството за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и CEED HUB Скопје – ви нудиме можност преку учество во UPSHIFT програмата да откриете што сакате да промените, да развиете иновативно решение и да добиете финансиска поддршка за истото да стане реалност.

Пред вас се неколку едноставни чекори:

 

Со учеството во програмата:

  • ќе стекнете нови вештини и знаења;
  • ќе придонесете да се реши проблем во вашата заедница а и пошироко;
  • ќе научите како да ја дизајнирате, развиете и спроведете вашата идеја;
  • ќе стекнете нови пријателства и
  • ќе добиете можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартувате идејата.

Ваша обврска е да направите тим од најмногу 5 учесници на возраст од 13-19 години и да ја пополните апликацијата до 15 септември 2018.

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување може да контактирате со: [email protected] или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.

 

[button title=”АПЛИЦИРАЈ” icon=”” icon_position=”right” link=”https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScOZQgKui659mNxpnw4bgHlNCjBXER4T7Z_2V1-GSXPt5hxwQ/viewform?edit_requested=true” color=”#2d2c45″ font_color=”#fff” large=”2″ target=”_blank” ]