Во рамките на проектот „Градење менаџерски вештини и деловни врски за подобрена услуга во туристичкиот и угостителскиот сектор“ финансиран преку Проект за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), ЦЕЕД Македонија има потреба од ангажирање на консултанти/тки за спроведување на модули како дел од тренинг програма наменета за менаџери од туристички и угостителски бизниси. Консултантите се потребни за реализирање на обуки на неколку локации во земјава (Скопје, Куманово, Тиквешки и Пелагониски регион) и тоа за следните теми:
- Вештини за продажба
- Дигитален маркетинг
- Лидерство
- Управување со тимови, менторство и коучинг
- Пристап до финансии за туристички и угостителски бизниси
Описот на позициите, огласот за секоја од нив, како и деталите околу начинот за пријавување можете да ги најдете на линковите подолу.
Консултант / обучувач за вештини за продажба:
Консултант / обучувач за дигитален маркетинг
Консултант / обучувач за лидерство
Консултант / обучувач за управување со тимови, менторство и коучинг
Консултант / обучувач за пристап до финансии за туристички и угостителски бизниси
Доколку е квалификуван, еден консултант може да аплицира за повеќе од една позиција.
Ги молиме сите квалификувани и заинтересирани консултанти/тки своите биографии со придружно писмо за изразување интерес да ги пратат на наведената адреса најдоцна до 20-ти март 2020-та година.