Дали долгата „изложеност„ на социјална дистанца и работата од дома ќе предизвика зголемена желба и потреба од меѓусебна интеракција на професионално ниво или пак ќе не натера и адаптира целосно да се повлечеме во нашите „школки„ и тоа ќе го прифатиме како ново „нормално„?
Некои бизнис експерти велат дека и покрај тоа што само-изолацијата и рестриктивните мерки ги одвратија луѓето од работа во канцеларија, каде просторот заеднички се дели со целиот работен колектив, и ги натераа да се навикнат да работат од дома, сепак сопствениците на новоосновани компании, микро и мали бизниси, стартапџиите и другите видови самостојни претприемачи имаат потреба од припадност кон заедницата од нивната индустрија. Ова значи дека потреба од споделување искуства, знаења и пред се`, креативни и иновативни идеи, сега, повеќе од никогаш досега, ќе биде важна во поглед на надминување на глобалната економска криза и справување со предизвиците што таа ги носи.
Да се биде дел од заедницата каде заеднички се решаваат предизвиците, се споделуваат знаења, искуства и прославуваат успеси е навистина задоволство. Работата од дома си носи свои бенефити, но поголемо чувство на припадност може да се има само со работа од канцеларија и секојдневна интеракција со вашите колеги. Но дали во денешно време на новонастанати услови на работење, делењето заеднички работен простор е потреба?
Во насока на разбирање на потребите на претприемачите за работни услови и услуги, правиме истражување со цел подобрување на понудата за работен простор на претприемачите и сите останати заинтересирани лица за работа во ко-воркинг простор.
Затоа би ве замолиле да го пополните прашалникот, кој ќе ни даде увид во потребата на пазарот и основа за креирање на понуда која ќе ги задоволи вашите потреби за работен простор и бизнис услуги.
[button title=”Кажи ни ја твојата потреба од работен простор!” icon=”” icon_position=”right” link=”https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=mU0uwoiH6Uqb6JlYbFvUXh7UvXRi5QVMtFhHaNQMWd5UNEFUSzYyVVVQR0ZLT0s4VlVXM1paOE84WC4u” color=”#2d2c45″ font_color=”#fff” large=”2″ target=”_blank” ]