Предизвик за млади иноватори – нов повик за учество во UPSHIFT програмата

Пријавете се на UPSHIFT 2020  и бидете дел од младите ширум светот кои со своите идеи овозможуваат иновативни решенија на својата заедница.

Пандемијата нанесе огромни последици врз секој аспект од нашите животи, вклучувајќи ги образованието, економската стабилност, здравствената и социјалната грижа, како и менталното здравје и благосостојба. Овие последици директно и индиректно влијаат врз децата и младите кои се истовремено и најмногу погодени. Додека светот се справува со предизвиците од КОВИД-19 пандемијата, токму младите ширум светот предводат промени во своите заедници и нудат иновативни решенија.

Во изминатите две години, преку UPSHIFT програмата, им овозможивме на младите да се вклучат во изнаоѓање на решенија за предизвиците со кои се соочуваат во своите заедници, кои може да бидат во вид на производ, услуга или процес.

Овој пат, ве повикуваме да развиете решенија за проблемите од вашата заедница кои се предизвикани или продлабочени како последица од кризата, а може да бидат од различни области: образование, дигитален јаз во учењето на далечина, намалена економска активност во погодени сектори (уметност, туризам, мали бизниси), зголемување на невработеноста,  медиумска писменост (пристап до точни информации и проверени информации, борба против лажни вести), заштита на животната средина, намалување на загадувањето и слично.

Ве поттикнуваме да размислувате за решенија кои се изводливи во новите и променливи услови, со фокус на користење на дигитални алатки и нови технологии.

 

Се што треба да направите е да  формирате тим од 2-5 ученици на возраст од 13-19 години и да ја пополнете апликацијата најдоцна до 20 ноември 2020 година. 

​[button title=”АПЛИЦИРАЈ” icon=”” icon_position=”right” link=”https://docs.google.com/forms/d/17EVnScqwuL5uTcfYEG9WyjyIF1At1XlR55m0cpg7Kng/edit?usp=sharing” color=”#2d2c45″ font_color=”#fff” large=”2″ target=”_blank” ]

По завршувањето на повикот, ќе ве известиме дали сте избрани меѓу тимовите кои ќе добијат шанса да ги доразвијат своите идеи преку учество на online АПШИФТ работилницата која ќе се одржи кон крајот на ноември 2020г.

​Со учеството во програмата:

  • ќе стекнете нови вештини и знаења кои се применливи во решавање на било каков проблем

  • ќе придонесете да се реши проблем во вашата заедница а и пошироко

  • ќе научите како да ја дизајнирате, развиете и спроведете вашата идеја

  • ќе стекнете нови пријателства и

  • ќе добиете можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја реализирате идејата.

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување ве молиме да не контактирате на e-mail: [email protected]; моб: 076/360-107 или преку Facebook страната на CEED HUB Skopje.

 

 

*UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.

Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.