Презадоволни од разултатите од претходните 2 циклуси, со задоволство го објавуваме повикот за третиот циклус и со нетрпение ги очекуваме апликациите со иновативни идеи за решавање на социјалните проблеми во нашето општество.
Бидејќи секојдневно се соочуваме со голем број на општествени предизвици кои имаат големо влијание врз нашите животи, со оваа програма сакаме да ве поттикнеме, Вас младите, да ги препознаете истите и да понудите иновативни решенија во вид на производ или услуга.
Ние преку UPSHIFT програмата ќе ви помогнеме и поддржиме во реализацијата на вашите решенија за решавање на социјалните проблеми од заедницата. Се што треба вие да направите е да формирате тим од 2-5 учесници на возраст од 13-19 години и да ја пополнете апликацијата до 12.03.2019.
По завршувањето на повикот, ќе ве известиме дали сте меѓу десетте тимови кои имаат најголем потенцијал и ќе добијат шанса да учествуваат во третата UPSHIFT работилница.
Со учеството во програмата:
- ќе стекнете нови вештини и знаења кои се применливи во решавање на било каков проблем.
- ќе придонесете да се реши проблем во вашата заедница а и пошироко;
- ќе научите како да ја дизајнирате, развиете и спроведете вашата идеја;
- ќе стекнете нови пријателства и
- ќе добиете можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартувате идејата.
Затоа, силно ве охрабруваме да го пронајдете проблемот кој најмногу ве предизвикува и изнајдете решение за истиот.
За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување контактирате со Маја Трајкова на: [email protected] или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.
[button title=”АПЛИЦИРАЈ” icon=”” icon_position=”right” link=”https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfG7KxZAKsfni44ZeMulpPD8zLHc-l5wWbIxTJ-8gy7-wz6yA/viewform” color=”#2d2c45″ font_color=”#fff” large=”2″ target=”_blank” ]
*UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства. Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.