Законска и финансиска анализа за Инвестиции од Бизнис Ангели

Деновиве беше објавена Законскаta и финансиска анализа за Инвестиции од Бизнис Ангели која е направена во рамките на “Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем”.

Анализирани се законските решенија во други држави како и  финансиските бенефити од истите. Опфатени се држави кои што имаат усвоено мерки за стимулирање на инвестиции од бизнис ангели, аналогно во финансиската анализа, вкупната сума на инвестирање се зголемила. Опфатени се и држави кои што немаат усвоено значителни мерки, па согласно анализата немаат ниту многу реализирани инвестиции. Заклучокот од компаративната анализа е едноставен: државите кои што превземаат нешто на полето на стимулирање на бизнис ангелите, имаат видливи резултати и обратно.

Анализата беше поттик за стартап заедницата, односно “Стартап Македонија” да поднесe иницијатива до Министерството за економија за измена на член 29 од Законот за трговски друштва кој што може да му оневозможи на инвеститорот да основа друга компанија, во случај ако претходно инвестирал во стартап компанија која има блокада на жиро сметка т.е. е презадолжена, како и  воведување на конвертибилен заем при инвестициите.

Клучни препораки на анализата и иницијативата се дека пред да се почне да се работи на законските мерки кои што ќе ги стимулираат ваквите инвестиции (создавање на ко-инвестициски фонд, сертифицирање, даночни стимулации и сл.) прво треба да се тргнат пречките од Законите и да се овозможат алатки преку кои инвестициите ќе бидат реализирани.

Анализата може да ја погледнете тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *