ПОДГОТВИТЕЛЕН КУРС ЗА ЗДОБИВАЊЕ СО PMP® СЕРТИФИКАТ

Call for applications for Pre-acceleration program
February 12, 2018
Get your spot at the new workplace of CEED Hub Skopje
February 19, 2018

Project Management Professional® е меѓународен сертификат за професионални проектни менаџери кој го издава Project Management Institute® од САД.

Професионалниот курс за управување со проекти е подготвителен курс во Македонија кој е дизајниран со цел да ја обезбеди потребната едукација од областа на проектниот менаџмент која е еден од предусловите за стекнување на PMP сертификатот. Курсот е воден од PMP сертифициран инструктор и обезбедува продлабочено знaење кое овозможува лесно полагање на тестот после кој успешните кандидати се здобиваат со РМР сертификат.

Курсот е наменет за професионалци од сите индустрии и дејности кои работат во областа на управување со проекти и сакаат да се подготват за добивање на престижниот РМР сертификат. Учесниците на курсот ќе го надградат своето знаење во проектен менаџмент според соодветна литература издадена од Project Management Institute®што ќе придонесе кон подобрување на капацитетите и самодовербата со цел совладување на предизвиците на модерното управување со проекти.

Обуката е распределена во 11 сесии кои ќе се одржат во период од 3 последователни недели.

Специјален попуст 10% за рана уплата до 28.02.2018!

Контакт информации за регистрација:

02 322 5022; 078 459 067

Маја Трајкова: mtrajkova@ceedhub.mk

Марко Георгиевски: mgeorgievski@ceedhub.mk

АПЛИЦИРАЈ

Show Buttons
Hide Buttons