Дали сте подготвени за предизвикот UPSHIFT?

Три дневна работилница на тема “Развој на социјални бизниси”
June 28, 2018
Agritra-Vizion: Training with SEs first group, realized on 21-22-23.06.2018
June 29, 2018

Имаш идеја за производ или услуга која сакаш да ја развиеш? Сакаш да промениш нешто во твојата заедница? А да учествуваш во програма која се спроведува на светско ниво?

Ако сите одговори се „ДА“ тогаш собери свој тим и бидете дел од првата генерација на млади UPSHIFT иноватори и социјални претприемачи!

Ние – Министерството за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и CEED HUB Скопје – ви нудиме можност преку учество во UPSHIFT програмата да откриете што сакате да промените, да развиете иновативно решение и да добиете финансиска поддршка за истото да стане реалност.

Пред вас се неколку едноставни чекори:

 

Со учеството во програмата:

  • ќе стекнете нови вештини и знаења;
  • ќе придонесете да се реши проблем во вашата заедница а и пошироко;
  • ќе научите како да ја дизајнирате, развиете и спроведете вашата идеја;
  • ќе стекнете нови пријателства и
  • ќе добиете можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартувате идејата.

Ваша обврска е да направите тим од најмногу 5 учесници на возраст од 13-19 години и да ја пополните апликацијата до 15 септември 2018.

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување може да контактирате со: mtrajkova@ceedhub.mk или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.

 

АПЛИЦИРАЈ

Show Buttons
Hide Buttons