Отворен повик за презентација на бизнис идеи и стартапи пред ЦЕЕД Клубот на Бизнис Ангели

Доколку карантинскиот период го искористивте креативно за развој на вашата бизнис идеја или стартап/бизнис и сте  подготвени да побарате финансиски средства за вашиот бизнис,  ЦЕЕД Клубот на Бизнис Ангели ве повикува на онлајн пичинг сесија на 29.06.2020

За пичинг сесијата може да се пријават сите заинтересирани лица кои имаат бизнис или бизнис идеја од било која индустрија и за што им се потребни финансиски средства.

Заинтересираните лица може да се пријават на следниот линк, регистрацијата е бесплатна, или на емаил: ceed@ceed-macedonia.org, до 25.06.2020

Од пристигнатите апликации ќе биде направена селекција. Селектираните кандидати ќе имаат можност онлајн да ги презентираат своите бизниси и бизнис идеи пред бизнис ангели на 29.06.2020. Доколку се оцени дека има повеќе добри бизнис идеи, ќе бидат повикани да се презентираат во друг термин којшто дополнително ќе се утврди.

За дополнителни информации во врска со пријавувањето обратете се на bramljak@ceed-macedonia.org или на телефонскиот број 076 496 616.

АПЛИЦИРАЈ!

*CEED Macedonia Business Angels Club (CEED BA Club) е формиран, во ноември 2013 година и е меѓу првите од ваков вид во Македонија. Од јануари 2016 година, клубот е официјално членка на Еврoпската мрежа на бизнис ангели – EBAN (European Business Angel Network). Досега во различни бизнис идеи се инвестирани 250.000 евра.
Show Buttons
Hide Buttons