CEED Hub Skopje објавува повик за практикант

Со цел зголемување на тимот вo иднина, CEED Hub Skopje објавува оглас за практикант за период од 3 месеци со можност за вработување. Практикантот ќе добива месечен надоместок за неговиот ангажман за време на практичната работа.

CEED Hub Скопје активно поддржува и поттикнува креирање бизнис идеи и стартапи со што го помага развојот на целокупниот стартап екосистем во Македонија. Работи со индивидуалци, тимови, стартапи, мали и средни претпријатија во корист на промовирање на нивниот брз раст и акцелерација на напредокот преку стартап програми, креативни решенија и вредни ресурси. CEED Hub нуди и пристап до финансии и менторство, како и co-working простор, канцеларии и простор за состаноци и настани достапен за стартапи, тимови, фриленсери и секој кој што има потреба од простор за работа.

Кандидатот/ката треба да ги исполнува следните услови:

  • Да е последна година на студии или скоро дипломиран/а
  • Многу добро познавање на англискиот јазик
  • Да има познавање од социјални медиуми и маркетинг
  • Пожелно е, но не и пресудно да има познавање од дизајн и дизајнерски алатки

Кандидатот/ката ќе биде вклучен во следниве активности и ќе има за одговорност:

  • Работа со клиенти
  • Креирање дизајн и содржини и нивно пласирање на социјалните медиуми
  • Извршување на административни активности (договори, фактури, набавки и сл.)
  • Вклучен/а во продажни активности на нашите услуги (изнајмување на coworking простор, канцеларии, сала за настани, стартап програми)
  • Ангажман во тековни проекти од областа на претприемништвото.

CEED Hub овозможува:

  • Менторство (назначен ментор за време на практикантството)
  • Учење низ работа
  • Пристап до креативна и динамична средина
  • Бесплатен пристап до обуки

Вашето CV на англиски јазик испратете го најдоцна до 15.12.2019 на [email protected]

За подетални информации контактирајте ja Маја Трајкова на [email protected] или 078 459 067.

4 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *