Успешно се одржа UPSHIFT 2020

Програмата АПШИФТ за социјално претприемништво за млади беше спроведена меѓу учениците од 14 средни училишта од целата земја, во периодот од 02.12.2020 до 14.12.2020 год. Преку програмата, младите на возраст од 13 до 18 години, со идентификување и изнаоѓање решенија за проблеми во непосредната заедница имаат можност да стекнат и да развиваат меки и претприемачки вештини.

Право на учество имаа тимови составени од 2 до 5 члена, кои со примена на иновативен пристап за креативно размислување, идентификуваат постоечки проблем во својата заедница, заедно работат на наоѓање решение, преку кое исто така можат да остварат профит и средствата да ги вложат во бизнис кој би бил успешен на долг рок.

За време на овој повик се одржаа две работилници, со по 7 тима од различни средни училишта од Скопје, Куманово, Кочани, Велес, Дебар, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Струмица. Овие 14 тимови  имаа можност во текот на 3 дена, под водство на нивните ментори и професори, да ги развијат своите идеи и да стекнат практични вештини со кои можат да ја имплементираат нивната замисла.

За првпат оваа година АПШИФТ се одржа онлајн на платформата Zoom. Со цел учесниците во програмата да можат да имаат целосно образовно искуство, за успешна реализација на програмата се користеше креативната алатка Miro, која им овозможи на тимовите лесно да работат заедно и да ги визуелизираат нивните идеи. Учениците, со нивната посветеност, желба за развивање  меки вештини и стекнување нови знаења, користеа технолошки алатки во текот на обуката што го направија пренесувањето на содржината онлајн лесно и успешно!

Учесниците се претставија со одлични, иновативни идеи за надминување на проблемите во нивната непосредна средина, и токму затоа комисијата имаше тешка задача да одбере кои 7 тима да бидат наградени. Од првата работилница, победничките тимови доаѓаат од следниве училишта: Раде Јовчевски Корчагин и Јосип Броз Тито од Скопје, Јосиф Јосифовски од Гевгелија и Љупчо Сантов од Кочани. Победничките тимови од втората работилница се следниве: Браќа Миладиновци од Скопје, Коле Нехтенин од Штип и Димитрија Чуповски од Велес. Наградата за овие тимови ќе изнесува 120 илјади денари кои тимовите ќе ги вложат кон

Овие тимови понудија решенија кои се одржливи и ќе бидат во корист на заедницата и по завршување на програмата. Решенијата вклучуваат подобрување на образовниот процес и наминување на предизвиците што произлегуваат од кризата предизвикана со пандемијата на Ковид-19, намалување на бројот на заразени лица, креирање онлјан платформа за дружење на младите, организирање на едукативни настани за деца од предшколска и рана школска возраст.

Со нетрпение ја очекуваме имплементацијата на решенијата и нивниот позитивен ефект во општеството!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *