Успешно се одржаа обуките за социјално претприемништво во рамките на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“

Во рамките на проектот „Социјално претприемништо за младинско вработување“, во организација на Националниот Младински Совет на Македонија и со поддршка на CEED Hub Skopje, на 20ти-21ви и 27ми-28ми Февруари се одржаа он-лајн обуки на тема  „Социјално претприемништво“ на кои учесниците имаа можност да се запознаат со тоа што претставува социјалното претприемништво, да видат примери за социјални претпријатија, да работат на развивање на социјален бизнис модел, како и да презентираат сопствени бизнис идеи.

Обуките ги реализираа Ѓорѓи Кушевски и Елена Хаџи Пецова од CEED Hub Skopje,  обучувачи со долгогодишно искуство во оваа област.

Главна цел на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“ е да поттикне економско зајакнување и развој на социјални претпријатија, со цел да се намалат и неутрализираат предизвиците со кои младите се соочуваат во нивните обиди да основаат сопствено социјално претпријатие, како и да им помогнат во нивниот професионален раст и развој.