Успешно завршен проектот „Претприемништво на 21-от век“ спроведен со поддршка на програмата Erasmus+

Денес во Кочани се одржа завршниот настан на проектот “Претприемништво на 21-от век“ кој со поддршка на програмата Ерасмус + се спроведе во текот на изминатите 2 години во Македонија, Грција и Хрватска. ЦЕЕД Македонија беше еден од партнерите во конзорциумот, пред сѐ поради својата експертиза за развој на бизнис модел и кариерно советување на млади.

На денешниот настан, кој го означи крајот на двегодишниот успешен проект, се сумираа спроведените активности и резултатите од проектот. По тој повод на настанот се обратија претставници на партнерските организации и училиштата вклучени во проектот, како и мал дел од учесниците во проектот. На настанот зборуваа: Славица Арсова – Проектен координатор од СОУ „Гошо Викентиев“ која зборуваше за реализираните проектни активности во училиштето, Марија Величкова од НВО ЛАГ-Кочани, која го презентираше Стратешкиот документ за транснационално партнерство развиен за време на проектот, Ѓорѓи Кушевски од Фондација ЦЕЕД Македонија кој го презентираше Прирачникот за наставници за користење на концептуалниот модул за кариерно насочување на ученици, и Димитрис Ладопулос од АИД од Лариса, Грција кој одржа презентација за реализираните проектни активности и постигнувања во средното училиште во Грција.