Тирана го кани Балканот на регионален Стартап викенд од 19-21 ноември

Првото регионално издание на Текстарс стартап викенд ќе се одржи во Тирана каде претставници од 6 земји ќе работат на развојот на нови бизнис решенија преку решавање на локални предизвци.

Стартап Викенд е 54 часовен настан кој ги обединува претприемачите, иноваторите, стартап ентузијатите и креативците, и ги предизвикува за време на еден викенд тимски да направат комплетно бизнис решение.

Овој пат, предизвикот вклучува решавање на значајни проблеми кои го засегаат целиот регион. Фокусот ќе биде ставен на 8 индустрии и тоа: енергетика, туризам, агритехнологија, е-бизнис, сајбер безбедност, крипто, дигитални финансии и телекомуникации.

Без разлика дали веќе имате идеја за бизнис која сакате да ја унапредите или не, настанот нуди големи придобивки за сите учесници.  Од дружење и развивање на комуникациските вештини, до стекнување контакти со искусни ментори, и многу вредни награди за победничкиот тим.

Па затоа, ако имате генијална бизнис идеја, или пак сакате креативна стимулација и дружење, побрзајте да ја резервирате вашата бесплатна карта ТУКА!

Организаторот ги покрива трошоците за сместување за сите учесници.

За повеќе информации посетете ги Facebook и веб страната на организаторот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *