Состанок со заинтересираните компании за учество на тендерот и посета на улицата „Радован Цониќ“ во Тетово

Во вторник, 18 април 2023 година, Општина Тетово и Фондација CEED Македонија како македонски партнери на Општина Призрен во прекуграничниот проект помеѓу Косово и Северна Македонија – „Заживување на занаетите и градење на култура за заеднички туристички развој“ организираа посета на компаниите кои се заинтересирани да земат учество  на отворениот тендер за градежни работи на улицата „Радован Цониќ“ во Тетово. Тендерската постапка е отворена и во тек, и предвидува разновидни градежни активности кои ќе го подобрат и изгледот и функционалноста на улицата „Радован Цониќ“. Со поставување на нова урбана опрема, нови светилки, подземна инсталација и нова калдрма, улицата која е веќе позната по бројните занаети што се наоѓаат таму, ќе стане попривлечна и побезбедна за туристите и посетителите на занаетчиските дуќани. Со тоа ќе се зголеми зачестеноста и искуството на посетителите на улицата и занаетчиите, што позитивно ќе влијае на развојот на туризмот и занаетчиството во Тетово.

„Заживување на занаетите и градење на култура за заеднички туристички развој“ е двегодишен проект за прекугранична соработка што е финансиран во рамките на програмата ИПА II на ЕУ и се спроведува во партнерство помеѓу Oпштина Призрен, Oпштина Тетово, Фондацијата CEED Македонија, и со поддршка на CEED Косово.