Обука за развој на апликација за грант и подготовка на презентација

Во рамките на проектот „Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис“, во Битола се одржа обука за развој на апликација за грант и подготовка на презентација за социјални претпријатија, организации, индивидуалци и тимови кои сакаат да започнат социјално претпријатие (или да го развијат постоечкото). На обуката присуствуваа околу 15 учесници од Битола, Ресен, Дебар и Струга кои беа учесници во овој проект во текот на 2108 и 2019-та година. Тимот на проектот работи со нив со цел да им го олесни пристапот до знаења од областа на социјалното претприемништво и водење бизнис, како и пристапот до финансии потребни за отпочнување/развој на ваков бизнис.

 

Проектот во Прилеп ќе одржи уште една ваква обука за група учесници на проектот кои доаѓаат од Прилеп, Крушево, Кичево, Струга, Охрид и Битола.

 

Проектот „Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис“ кој започна со имплементација пред година и пол, финансиски е поддржан од Европската унија преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, а имплементиран од ЦЕЕД Македонија и ПАБЛИК од Скопје, и Агритра Визион и ЦЕЕД Албанија од Албанија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *