Нова бесплатна програма за поддршка и градење на капацитетите на туристички и угостителски бизниси во услови на криза

Во рамките на потпроектот „Градење менаџерски вештини и деловни врски за подобрена услуга во туристичкиот и угостителскиот сектор“, кој се спроведува со поддршка на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), ЦЕЕД Македонија организира Програма со специјализирани сесии за поддршка и градење на капацитетите на туристички и угостителски бизниси во услови на криза, наменети за фирми кои доаѓаат од било кој регион од земјава.

Планираните настани во рамките на програмата ќе бидат фокусирани на неколку теми кои се од критично значење за туристичките и угостителските бизниси, а кои станаа уште поактуелни и попотребни по кризата со пандемијата од COVID-19:

  • Продажба и онлајн продажба
  • Дигитален маркетинг
  • Лидерство во услови на криза
  • Управување со тимови, коучинг и менторство во услови на криза
  • Пристап до финансии за туристички и угостителски бизниси

Дополнително, секоја од вклучените фирми (учесници) ќе добие менторски сесии за јакнење на капацитетите кои ќе бидат прилагодени кон индивидуалните потреби на секој учесник.

Неколку битни информации:

  • Сите настани се одвиваат онлајн така што лесно може да се приклучите од својот дом, канцеларија или било кое место каде што се наоѓате.
  • Настаните е планирано да се спроведат во јуни и јули 2020-та година (точните датуми ќе бидат дополнително соопштени).
  • Сите настани ќе бидат спроведени од искусни консултанти во конкретната област.
  • Учеството е бесплатно односно трошоците се во целост покриени од проектот.

Пријавувањето се врши преку пополнување на онлајн апликација за учество и тоа најдоцна до 10-ти јуни 2020-та година. До пријавата може да пристапите овде: https://www.tfaforms.com/4829232 

За повеќе информации пишете на [email protected].

За потпроектот: Потпроектот „Градење менаџерски вештини и деловни врски за подобрена услуга во туристичкиот и угостителскиот сектор“ е насочен кон подобрување на квалитетот на туристичката понуда во С.Македонија, и кон зголемување на бројот на домашни и странски туристи (посетители).

 

[button title=”АПЛИЦИРАЈ!” icon=”” icon_position=”right” link=”https://www.tfaforms.com/4829232″ color=”#2d2c45″ font_color=”#fff” large=”2″ target=”_blank” ]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *