Како да се справиме со последиците од животот со коронавирус

Сегашните промени во начинот на живот – од прилагодувањето на работењето од дома, до распределбата на професионалното и приватното време, можат да бидат особено тешки во овој период на наметната само-изолација поради спречување на ширењето на коронавирусот.

Со цел справување со негативните последици од ваквите клучни промени во нашиот живот, ЦЕЕД Клуб за жени претприемачи и менаџери – Women in Adria, ве кани на онлајн средба со психолог Деспина Стојановска, сертифициран системски и семеен психотерапевт и професионален обучувач.

На настанот, Стојановска ќе зборува за негативните чувства што можат да се јават во вакви вонредни ситуации, но и за практичните начини што можеме да ги примениме за полесно да ги поднесеме промените. За поуспешно да ги осознаеме емоционалните состојби со кои се соочуваме, како што се контактот со себеси или соочување со минато искуство, во текот на настанот ќе имате можност да учествувате и во практични вежби, а на крајот ќе можете да поставите прашања за она што Ве интересира.

Средбата ќе се одржи на ZOOM во понеделник, 27.04.2020 год, од 13ч. до 14:30ч.
Местата се ограничени, за учество пријавете се на следниот линк: bit.ly/tplatforms, најдоцна до понеделник, 27.04.2020 год, до 11ч.

Пријавените учесници ќе добијат маил со потврда за примена пријава и инструкции како да пристапат до онлајн настанот.

[button title=”ПРИЈАВИ СЕ ОВДЕ!” icon=”” icon_position=”right” link=”https://www.tfaforms.com/4820183″ color=”#2d2c45″ font_color=”#fff” large=”2″ target=”_blank” ]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *