Успешно се одржа првиот ден од обуката во СУГС „Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари – Скопје во рамки на проектот „Училишни социјални претпријатија – УСП“

Продолжуваме со обуките за градење на капацитетите на младите средношколци и нивните училишта за формирање и водење на социјални претпријатија.

Во СУГС „Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари – Скопје успешно се реализираше првиот ден од обуката, на кој учениците активно работеа на развој на идеи и иновативни решенија за адресирање на општествени предизвици преку пристапот на социјално претприемништво.

Оваа активност се надоврзува на претходно спроведените обуки во ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес и СОУ „Богданци“ – Богданци, каде учениците стекнаа знаења и вештини за креирање и развој на бизнис модели за училишни социјални претпријатија.

Проектот „Училишни социјални претпријатија – УСП“ има за цел да придонесе кон економско зајакнување на младите, особено од ранливите категории, преку унапредување на нивните вештини за социјално претприемништво и зголемување на нивната вработливост. Дополнително, проектот е насочен кон воспоставување одржлив модел за развој на училишни социјални претпријатија во средните стручни училишта во земјата.

Активностите се реализираат како под-грант во рамки на проектот „RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите“, ко-финансиран од Европската унија, а имплементиран од Youth Alliance – Крушево, Центар за истражување и анализи НОВУС / NOVUS и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој Паблик / Public.

10 Comments

Comments are closed.